Не мора да си прв за да бидеш шампиони, туку можиш и со потег да оствариш шампионски успех кој цела спортска нација вечно ќе го памети. Ваков потег на квалификациска трка на 5 000 метри на Светското првенство во атлетика во Доха направи Браима Сункар Дабо од Гвинеа кој го жртвуваше својот успех да му помогне да ја заврши трката на ривалот Џонатан Басби кој се повреди во самиот финиш.

Двајцата атлетичари имаа скромно време и настап, но дефинитивно двајцата ќе го одбележат СП во Доха по фер плејот и прегратката после завршување на трката.

OhridNews