Три натпревари со 17 гола виде публиката на седмата вечер од турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ што се игра во Мешеишта.

Први на теренот истрчаа екипите на Бомбаши и БЗ Груп Враништа која славеше 2:4.

Во вториот меч, Алуминиумски огради Охрид Струга убедливо загуби од Еко Шпар 0:6.

Во последниот натпревар вечерва, Камионски делови Бос со високи 5:0 ја совлада екипата на Шумско Галичица.

Натпреварите на турнирот продолжуваат во среда, 28 јуни, со три средби по групи:

20:30 Ресторан Станица Викса Пром – Игор Бенд Бушиноски
21:30 БЗ Груп Враништа – Дебрца Експрес
22:30 Стаклара Исмаилоски – Арена Мислешево

Г.М.