Најзаслужни за “уривање“ на првакот во “Јане Сандаски“ е првата петорка на МЗТ Скопје која постигна 72 поени од 90. Репрезентативниот центар Тодор Гечевски беше најпрецизен со 27 поени, по него следуваа Мијалојвиќ со 19, уште еден репрезентативец Чековски со 13. Во поразениот табор само тројца кошаркари беа расположени за игра, Кнежевиќ 17, Симоноски 16, Николовски 14.
Резултати : МЗТ Скопје – Фени Индустри 90-71, Лирија – Работнички 80-66, Куманово – Торус 94-98.
Табела : МЗТ Скопје 38 бодови, Фени Индустри 38, Торус 35, Лирија 34, Куманово 30, Работнички 28.