Супер дербито меѓу Охрид и Пелистер кое ќе се одигра в петок со почеток во 18 часот ќе означи почеток на суперлигашките мечеви во втората полусезона од ракометната елита.
Натпреварот во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе биде за престиж и борба за првата позиција на табелата од регуларниот дел во Супер лигата, бидејќи двете екипи имаат обезбедено пласман во плејофот. Моментално три бодови предност има битолскиот состав, а Охрид, пак, има меч пред својата публика.
Првиот натпревар меѓу двете водечки екипи на табелата заврши без победник благодарание на Благојче Трајкоски кој успеа да одбрани пенал после истекот на натпреварот.
Трајкоски одбрани бод за Охрид во Битола
OhridNews