Ситуацијата со корона вурисот во Италија станува аларматна. Затоа, челниците на италијанската Серија А одлучија да ги одложат натпреварите кои се играат во северниот дел од земјата, каде е жариштето на смртоносниот вирус.

Одложено е супер дербито Јувентус – Интер во Торино и уште средбите Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло Бреша. Другите мечевите остануваат на програмата, но без дозвола за присуство на публика.

Новиот термин за италијанското дерби и четирите одложени средби е 13 мај.  Финалниот натпревар во Купот на Италија кој беше закажан на 13 мај ќе се одигра една недела подоцна осносно на 20 мај.

OhridNews