Новата сезона во Општинска фудбалска лига ќе стартува на 12 септември со супер дербито меѓу Градскиот фудбалски клуб Охрид и Воска.
Вкупно 12 екипи во ОФЛ ќе се натпреваруваат за првата позиција на табелата и останатите четири места кои водат во плејофот.
Шампионот заедно со победникот од плејофот обезбедуваат пласман во бараж средбите за Третата МФЛ.
Двојки :
1. коло : Илинден – Рудар, Лакочареј – Злести, ГФК Охрид – Воска, Вулкан Спорт – Дебрца, Вапила – Сатеска, Славеј – Св. Петар.
Ohridnews