Супер дербито помеѓу Дебрца – Лакочереј во последната рунда од Општинска фудбалска лига ќе го даде шампионот за оваа сезона.
Првакот во ОФЛ обезбедува директен пласман во бараж мечевите за влез еден ранг погоре односно Третата македонска фудбалска лига.
Во подобра позиција пред супер дербито е лидерот на табелата Лакочереј, кој со бод ќе го задржи првото место.
Победата во дербито е единствена опција за домашниот состав, кој есеноска со 3-1 славеше против Лакочереј на теренот од противникот.
Двојки : Злести – Вапила, Дебрца – Лакочереј, Рудар – Сатеска, Славеј – Воска, Илинден – Св. Петар.
Табела : Лакочереј 41, Дебрца 38, Сатеска 37, Воска 33, Рудар 25, Вапила 19, Злести 17, Илинден 14, Славеј 12, Св. Петар 6.
Мх.П.