Супер дербито помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово ќе означи почеток на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Првата рунда ќе понуди и една локална пресметка во која ќе се сретнат Победа и Пелистер, додека останатите двојки се Шкупи – Академија Пандев, Работнички – Ренова и Силекс – Скопје.
Новата сезона започнува на 13 август, а титула ја брани составот на Вардар.
Двојки:
Шкендија – Вардар
Победа – Пелистер
Шкупи – Академија Пандев
Работнички – Ренова
Силекс – Скопје
OhridNews