Победнички старт на охридскиот Амак СП во втората фаза од кошаркаското првенствов. Одлично издание на “езерџиите“ кои со 85-57 го совладаа директниот конкурент за позцијата три во суперлига и поводеа со 2-1 во охридско – битолската пресметка.


Зелените беа тие кои поведоа на старот што на крајот се покажа како единствено водство во текот на целиот натпревар. Малку време им требаше на охриѓани да се адаптираат на условите за игра и предводени од Фрај и Совкоски (два од два ) за три заминуваат со плус четири 26-22 по првите десет минути.


Во отсуство на капитенот Богев поради суспензија, В.Стојаноски беше тој кој ја водеше играта на “езерџиите“ и потпомогнат од Фрај прават серија 8-0 за прва двоцифрена предност 34-22. Ротацијата во “зелениот“ тим многу не ја промена сликата на теренот во периодот по кој охриѓани заминуваат со плус единаесет на одмор 46-35.


Се олучи Миќиќ со зона во третиот период да го запре охридскиот напад, но следуваше бланк период за неговиот тим кој заборави како изгледа противничкиот кош. Во периодот од десет минути само два коша или пет поени постигнаа зелените и тоа Петковски тројка и Миљковиќ положување.



Атракативно се играше во последниот период во кој доминираше Џарид Фрај кој со серија забивање ги загреваше дланките на премрзнатата публика. Стигнаа охриѓани и на плус 30 (74-44) , па Лазовски им даде шанса на сите да го осетат паркетот во Охрид. Во финишот на мечот шанса доби и охриѓанецот Кузески кој ги постигна последните поени на мечот, дебитантски за него во дресот на охридскиот лигаш.

фото: Михаил Постоловски