Археолозите во Кина веруваат дека откриле бронзен сад со супа која била свaрена пред дури 2400 години. Супата ја откриле пребарувајќи една гробница на подрачјето на Ксиан, еден од четирите кинески древни градови. Ксиан денес е средиште на кинеската провинција Шаанкси.

Лиу Даиун од археолошкиот институт рекол дека ова е прв пат да пронајдат супа со коски. Истакнал дека ова откритие посебно ќе биде значајно во проучувањето на прехрамбените навики на луѓето во периодот од 5 до 3 век пред новата ера. Пронашле гробница и садови во кои имала зеленкаста течност. Течноста ќе биде анализирана за да се потрврди дека станува збор за супа.