На денешните СУП трки организирани од СУП Клуб Охрид, дел од Фестивалот на Водени спортови, учествуваа 90 натпреварувачи во 6 категории, вклучувајќи 50 натпреварувачи за трката на 2.5 километри за возрасни од 18 до 65 години.

Учесници од САД, Украина, Турција и многу градови од Македонија како Велес, Скопје, Гостивар, Прилеп, Битола, Струга, и секако, Охрид беа дел од денешниот настан.

Најмладите учесници, речиси 40 деца и млади, од 6 до 15 години, се натпреваруваа во 2 трки од 200 метри и 2 трки од 500 метри, додека трката за забава, во форма на штафета, го отвори настанот со 4 тимови по 4 натпреварувачи.

Првото место во трката на 2.5 километри го освои Дамјан Петрески со време од 18 минути и 25 секунди.

Во категоријата на даски на надувување на 2.5 километри прв беше Мирко Ристов со време од 21:44 минути, второто место го освои Игор Павлоски со 23:01 минути, а третото место со Христијан Ламбевски 23:32 минути.

Во женска категоријата со даски на надувување првото место го освои Мартина Веровска со време од 27:21 минута, втора беше Катерина Косиченко со 27:39 минута, а третото место Јована Ѓорѓиевска со 30:09 минути.

200 Метри М 6-10 години
Прво Место – Иво Стојанов
Второ Место – Јован Петровски
Трето Место – Алек Трифуновски

200 Метри Ж 6-10 години
Прво Место – Ива Устијаноски
Второ Место – Ирина Радошески
Трето Место – Бисера Ристеска

500 Метри М 11-15 години
Прво Место – Петар Лазороски
Второ Место – Атанасиј Аслимоски
Трето Место – Дарјан Ночески

500 Метри Ж 11-15 години
1. Прво Место – Ана Косиченко
2. Второ Место – Сара Пановска
3. Трето Место – Eva McKinley

Со нетрпение очекуваме следната година и уште поголем број учесници и поуспешен настан, велат организаторите.

OhridNews