Традиционално и оваа година по повод Ден на Охридско Езеро, 21 јуни, СУП клуб Охрид организира еколошка акција Супер Чистка и дружба на СУП.
Првиот ден на летото 21 јуни, во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец, со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна.
Во петок, 21 јуни oд 9.00 ве чекаме да го одбележиме овој ден на еден симболичен начин со Супер Чистка и бесплатно возење на СУП и кајак.Тргнуваме од плажа Канео со СУП и кајак и весламе и чистиме до плажа Лабино, Градска Плажа и Стар Град. Настанот е бесплатен, како и опремата и кратка обука за управување со СУП и кајак. Се што треба е да понесете е убава енергија, велат од СУП клуб Охрид.
Посочуваат дека пријавувањето за учество на настанот може заинтересираните да го направат на нивната Фејсбук страна или на телефонскиот број 078/341-630.
Се гледаме за чисто езеро!- порачуваат од СУП клуб Охрид.
OhridNews