Еколошката акција “СУПер чистка” со СУП даски оваа недела огранизираа членовие на SUP Клуб Охрид.

Беа исчистени плажите во потегот од Долни Сарај до Лабино и собрани беа десет 120л вреќи со разни отпадоци, пластика, хартија и стакло, железо, градежни материјали, велат од клубот.

Ова не е прва ваква акција на клубот. Со цела подигнување на еколошката свест за одговорност кон езерото и природата имаат организирано повеќе вакви акции.

OhridNews