Жешко лето со пеколна комедија. Со почеток од 23.07 и со времетраење од три недели сите оние кои се во Охрид ќе имаат неверојатна прилика да бидат дел од Summer Comedy Marathon.

7 различни шоуа со различни комични жанрови, stand up, кабаре, театарска импровизација. Публиката на култната сцена на охридскиот џез клуб JAZZ INN ќе има можност да гледа од нови комичари (оние чија желба да настапат е поголема од стравот од публиката), до врвни-докажани професионалци (оние кои ако не настапат им доаѓа да гризнат некого).

Билетите веќе се во продажба во Мјузик Шоп ЗЗ ТОП по цена од 200 ден. Со секој купен билет добивате можност да погледнете уште едно шоу по ваш избор (освен ИМПРОВОКАЦИЈА) гратис.

Охрид и Македонија може да се гордее со културен настан од ваков тип затоа што до сега во ниту едно место во државата се нема случено ваков тип на интензивна културна понуда.

OhridNews