Султанот од Брунеи потрошил неверојатни 20 илјади евра за фризура. Богатиот монарх му платил на омилениот фризер Кен Модест пат од Лондон до султанатот на почетокот на овој месец. Плашејќи се од свинскиот грип, изнајмил луксузна кабина во авионот за да не се меша со останатите патници.
Модест има салон во хотел во Дорчестер. Обично стрижењето го наплатува околу 75 евра. Но 63-годишниот султан кој важи за еден од најбогатите луѓе на светот секогаш му плаќа по илјада фунти.