Султанот од Брунеи е заинтересираниот купувач на трите луксузни хотели на групацијата Сахара, со кој преговорите веќе се во завршна фаза, јавува „Фактор“.

Со парите од продажбата на хотелите, њујоршките „Плаза“ и „Дрим хотел“ и лондонскиот „Гросвенор Хаус“, индискиот бизнисмен Субрата Рој треба да ги обезбеди потребните пари за кауција со која ќе излезе од затвор.

Според индиските медиуми, Рој е многу блиску да го склучи договорот со Султанот од Брунеи, кој дал највисока понуда за трите хотели – 2,2 милијарди долари.

Инаку, во трка за лондонски „Гросвенор Хаус“ беше катарското кралско семејство и Индиецот Сајрус Пунавала.

извор: „Фактор“