Ерменските археолози пронашле парче од сукња за кое веруваат дека е старо 5900 години. ПАвел Аветисијан, директор на археолошкиот и етнографски институт во Ереван навел дека фрагментот сукња од плетена трска бил пронајден при ископувањата во една пештера на југоистокот на Ерменија. Тоа би можело да биде едно од најстарите парчиња облека изработени од трска на светот.
На почетокот на годинава на истата локација бил пронајден и кожен чевел стар 5500 години, за кој експертите тврдат дека е најстарата обувка на светот. Ерменскиот археолог Борис Гаспаријан, која на локацијата работел заедно со американски и ирски археолози, рекол дека во пештерата била пронајдена и мумифицирана коза стара 5900 години, што е за илјада години постара од мумифицираните животни кои бие пронајдени во Египет.