В.д. директорот на Царинската управа Горан Сугарески попладнево на својот фејсбук профил објави дека ќе поднесе кандидатура во СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори.
Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на нашата Општина Прилеп ќе оствариме заедничка сенародна победа! Затоа сметам дека е единствено исправно и политички коректно на истекот на 6 месечниот мандат на в.д. директор да прекинам да ја обавувам јавната должност во Царинската управа, напиша Сугарески.
Во фејсбук статусот, Сугарески пишува дека не сака да остави трошка сомнеж дека на било кој начин ќе го злоупотреби неговото учество во извршната власт за да влијае на постапката за избор на кандидат за градоначалник.
OhridNews