Лидерот на СДСМ Зоран Заев одржува прес конференција на која, како што рече, објавува снимени телефонски разговори кои ќе покажат во чии раце е правосудниот систем во Република Македонија. Тројца луѓе, како што рече Заев, ги влечеле сите конци во оваа област, а тоа се премиерот Никола Груевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Тие имале соработници во нивниот коалициски партнер ДУИ, односно во поранешниот министер за правда Блерим Беџети и десната рака на Али Ахмети, Муса Џафери, истакна Заев. Тој додаде дека овие луѓе се пазареле, местеле судии и обвинители, а имале и одмазднички планови спрема сите кои не се однесувале сервилно кон нив.
Ова е 12-та таканаречена бомба на опозицијата. Вчера беа објавени аудио снимки од разговори со кои, како што беше речено, се покажува какви криминални активности извршувале владејачките партии за да ја освојат локалната власт во Струмица.
OhridNews
извор РСЕ