Државната ЕЛЕМ бараше наплата на 96 милиони евра, плус камата за неплатените сметки за електрична енергија од времето пред приватизацијата. Одлуката на Основниот Суд беше вратена од Апелациониот суд. Врз основа на мислењето на судот, засегнатите странки се сложија од сега па натаму да го делат приходот од побарувањата од минатото по принципот 50:50, од она што може да се наплати. Понатаму, договорено беше ЕВН да му плати на ЕЛЕМ 3 милиони евра од наплатените побарувања. ЕВН и дополнително ќе му префрли на ЕЛЕМ побарувања во вредност од 19,5 милиони евра.
Спогодбата до која дојде вчера, уследи по подобрувањето на односите помеѓу Владата на Р. Македонија и ЕВН Македонија, и реализација на повеќе заеднички проекти, согласно договорените чекори, поради што ЕВН соопшти дека нема да продолжи со покренатата постапка во Секретаријатот на Енергетската Зедница.