Во фиоката на некој курир кој починал, биле откриени преку 1500 платни налози за прекршоци и за мандатни казни, со што државниот Буџет е оштетен за 20 милиони денари. Ова во емисијата  „Стадион“ на Канал 77 го откри јавната обвинителка Вилма Рускоска. За случајот таа била известена од Судскиот совет.

Тоа зборувам за само еден вработен. Кој знае колку има други вакви слуачи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичниот законик, Законот за управните судови… Мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор, изјави обвинителката Русковска.

Министерот за правда Бојан Маричиќ  во истата емисија реле дека освен работата на судиите и обвинителите, важно е са испита работата и да се види и улогата на администрацијата и на стручните служби во судството.

Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, истакна Маричиќ како реакција на изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која во истата емисијата откри случај со недоставување на платни налози.

OhridNews