Институтот за судска медицина по извршената обдукција на телото на починатото девојче Тамара Димовска утврди дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија.

– Во извештајот од обдукцијата утврдено е дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови, се вели во денешното соопштение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат наведуваат дека ќе се испита дали Тамара воопшто била лекувана од оваа сериозна дијагноза.

– Првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонијата, се наведува во соопштението.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе продолжи со испитување на случајот во рамки на своите овластувања и надлежности, се додава во соопштението.

OhridNews

извор Утрински весник