Ова се изнесените заклучоци од страна на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, на денешната седница во Врховниот суд, каде почна годишното реферирање за работата на сите судови во државата. Претседателот ги пофали судиите дека биле вредни и преку бројки покажа кој суд колку сработил.
Вангеловски истакна дека резултатите биле одлични со оглед на тоа дека судиите не работеле со минимум стандардот од еден стручен соработник за секој судија. Во тек е постапката за вработување на правници во судовите.
На седницата беше истакнато дека ќе мора да се размислува за реорганизација на судството, бидејќи некои судови се преоптеретени со работа , а некаде нема предмети доволно ни за еден судија.
извор: Маkfaks