Во рамки на напорите за спречување на ширењето на корона вирусот, Владата му препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Исто така, на Нотарската комора, Адвокатската комора и Комората на извршители, им се препорачува да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Владата.

OhridNews