Јужноафриканскиот суд забранил набавка на 11 милиони кондоми од кинески производител со објаснување дека тие биле премали. Имено, министерството за финансии на Јужна Африка склопило договор со компанијата „Sikamba Medikal“ која требало да купи 11 милиони кондоми произведени во Кина.
Проблемот се појавил кога конкурентната компанија „Sekunijalo Investments Corporation“, која го изгубила договорот со министерството, се обратила кон судот, со аргумент дека нивните кондоми се за 20 проценти поголеми од кинеските. Судијата го блокирал договорот со „Sikamba Medikal“ и пресудил во корист на „Sekunijalo Investments Corporation“, со образложение дека кондомите навистина биле премали, дека биле направени од лош материјал и дека не ги одобрила светската здравствена организација.