Судот во Њу Делхи ја укина федералната забрана за пушење во филмовите, со образложение дека таа ја ограничува креативната слобода.

„Филмот треба да ја претставува животната реалност. Пушењето е реалност. Таа може да биде несакана но сепак постои“ – рекол судијата кој ја прочитал пресудата.


Индија во 2005 година го забрани пушењето во филмовите и на телевизија, бидејќи, како што тогаш било соопштено, со тоа пушењето се прави гламурозно, што ги налутило филмските ѕвезди и продуцентите на една од најголемите филмски индустрии – Боливуд.

Боливуд, во кого се снимаат повеќе филмови отколку во Холивуд, често ги претставува мачо хероите со цигара.

Индија минатата година го забрани пушењето на јавни места.