Италијанскиот врховен суд пресудил дека клиентот кој нема да и плати на проститутката ја силовал, и така ја потврдил четиригодишната казна затвор на Диего С. од едно место покрај Џенова.
Тој бил пријавен од Лаура С. бидејќи не и ја платил претходно договорената сума за секс во еден хотел. Исто така барал од рецепционерот на хотелот да ја уништи пријавата за да ги сокрие трагите за својот идентитет. Освен казната затвор, ќе мора на Лаура да и плати 2000 евра, како и дополнителна сума која судот накнадно ќе ја одреди.