Основниот суд Скопје 1, денеска, ќе се изјасни дали ќе ја прифати или отфрли кривичната пријава против Зоран Заев, јавува „Макфакс“.
Советот за оценка на обвинителен акт на скопскиот Кривичен суд денеска треба да решава дали ќе го прифати обвинението за случајот „Пуч“, за кој Јавното обвинителство се повикува на членот 311 од Кривичниот закон на Република Македонија.
Советот може да го потврди обвинението и да закаже рочиште или да го отфрли и повторно да го врати на обвинителството.
Во случајот „Пуч“, четвртообвинет е лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, како и поранешниот разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга, соработник на Заев во општина Струмица и вработен во МВР.
Обвинетите се товарат за шпионажа, неовластено снимање, како и насилство спрема највисоки државни органи.
Сите обвинети во случајот се во притвор освен Зоран Заев на кој му одземен пасошот, но кој неодамна му беше вратен.
OhridNews
извор:„Макфакс“