После тужбата на ЕУ, судот го укинал италијанскиот закон со кој на некои слатки им се признавало дека се чисто чоколадо. Според одлуката на судот, доколку производот е направен од 100 проценти путер од какао, тој факт може да биде наведен само на списокот на состојки. Судот навел дека со правилата на ЕУ за етикетирање на чоколадите не се остава простор за чисто чоколадо, а Италија спротивен закон донела четири години подоцна.


Овие правила за етикетирање на чокладите стапиле на сила 1999 година, после бурни дебати во кои Белгија и Италија, чии производители на чоколади користат само путер од какао, а не билни масти, ги напаѓале земјите како Велика Британија кои користеле билни масти. Портпаролот на ЕУ изјавил дека во 1999 година членките на унијата се сложиле дека на чоколадите ќе бидат наведени состојките, за да се укаже на квалитетот на чоколадото.