Џорџ Стрибу од Тимишвар – Романија, една година се „натегал“ со судот. По грешка го регистрирале дека е мртов. Надлежните не сакале да ја признаат грешката па Романецот отишол да бара правдата на суд. Судијата го прогласил за жив, но наредил дека мора да ги плати судските трошоци.


„Кога ја слушнав пресудата бев многу среќен. Секунда подоцна се шокирав бидејќи морам да ги платам судските трошоци. Па не беше моја грешка. Ќе се жалам“ – рекол Романецот.