Основниот суд Охрид по распитот му изрече мерка притвор во времетрање до 30 дена на капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филески.

Дваесет и три годишниот Филески се товари за загрозување на животот на лицата и имотот во сообраќајот.

Сотир Филески го управуваше бродот „Илинден“ кој вчера потона во Охридското Езеро кај Елешец, при што се удавија петнаесет бугарски туристи. Според неговиот исказ во полицијата, причина за катастрофата бил дефект на бродот поради што тој изгубил контрола, се навалил на едната страна и брзо почнал да тоне.

Помошникот на капетанот, Влатко Јустинијаноски е ослободен од притвор.

Ohridnews