Судот во рускиот град Сочи му одзел две мечки на локален угостител поради тоа што животните во неговиот локал се навлекле на алкохол. Мечките на сопственикот на локалот му служеле како атракција. Гостите им давале да пијат, па на животните алкохолот им станал секојдневие и станале алкохоличари, тврдат локалните борци за заштита на животните кои поднеле тужба и побарале мечките да се отстранат од објектот.
Според судската одлука, Министерството за природни ресурси при Краснодарскиот регион мора да преземе мерки за заштита на животните и да им осигура живеалиште во склад со санитарните и вереринарните прописи. Здруженијата за заштита на животните велат дека споменатиот сопственик на ресторанот со години бил опоменуван и казнуван прекршочно поради непочитување за прописите за чување на животни. Претходно дури и се согласил да ги ослободи мечките, но ниту една зоолошка не сакала да ги прими поради зависноста од алкохол.