Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1, денес, ги деблокираше сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје, но наложи привремено да се следат трансакциите и платниот промет на двете компании.

Судот ваквата одлука ја донел откако ги зел во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките.

Судот донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка, се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Воедно се истакнува дека судот со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје.

Сметката на двете компании беше претходно блокирана на барање на обвинителството, кое покрена кривична пријава против менаџментот на Макпетрол.

OhridNews

извор Макфакс