Судот во Нов Зеланд им забранил на родителите да му дадат на своето дете име Луцифер и наложил тоа име да се избрише од регистарот на имиња. Откако три пара родители изразиле желба да им дадат на бебињата име Луцифер, судот на Нов Зеланд одлучил да интервенира, па издал забрана во која се наведува дека никој не може на своето дете да му го даде тоа име.
Водителот на емисијата “Odd News” прокоментирал дека такво бебе би било тешко да се контролира, но предноста би била во тоа што бебето би можело самото да си стопли млеко во шишенцето. Изгледа дека паровите во Нов Зеланд се многу креативни, бидејќи во изминативе две години биле одбиени дури 102 имиња, меѓу кои се Генерал, Правда, Барон, Крал, Мистер, Судија, Војвода и Месија.