Судот во Калифорнија ја отфрли тужбата против музичкиот бенд „Нирвана“ oд Спенсер Елден, кој бил фотографиран гол како бебе за нивниот албум „Nevermind“.

Елден лани ја тужеше рок-групата за наводна сексуална експлоатација, оти сликата, наводно, претставува сексуална злоупотреба на дете. „Нирвана“ минатиот месец побара случајот да биде отфрлен бидејќи, како што велат, неговите аргументи немаат вредност.
Аргументот на одбраната е дека Елден ја повторил сцената неколкупати заради пари, а и дека го истетовирал името на албумот на градите, па „ја искористил оваа слава и за да флертува со жени“.
Адвокатскиот тим на Елден имаше рок до 30 декември да одговори на барањето на Нирвана. Одговор немаше, па судот го отфрли случајот, со можност за нова тужба во иднина.

 

OhridNews