Судиската тројка од мечот Пелистер – АМАК СП помилувана ! ! !
11.01.08 01:01
Нема казна за судиската тројка Златевски – Диковски – Ивановски, која го водеше натпреварот од последното 18 коло од првиот дел на шампионатот во Битола во кој Пелистер го доби АМАК СП со 83-79.
– “ Сторените грешки немаат влијание на конечниот резултат и немало тенденциозно судење. Сепак судењето не било на високо ниво и оцените се намалени од 7 на 3.5 “ се вели во извештајот кој го направила тричлената комисија во состав Блажески – Лазарески – Макрески, реферираше на состанокот на здружението на прволигашите првиот човек на судиската организација Боби Јосифоски.
Еден извешатај две различни гледишта – Јосифоски и Шапкар
На ваквиот извештај бурно реагираше делгатот на АМАК СП Огнен Герасимоски, но и првиот човек на клубот Венко Шапкар нарекувајќи го извешатајот скандалозен :
– Не можам да се сложам со тоа дека грешките не го одлучиле победникот на натпреварот кој заврши со 4 разлика. Не сакам да мислам дека има хајка против нас но тој истиот судија (Дикоски) не оштети и на мечот со Работнички, а еве истото го направи и на мечот со Пелистер. На таквите судии не им е местото во најсилното првенство – заврши Шапкар.
едни “за“ други “против“ – Бендески и Шапкар
За очекување е ова дополнително да ги разгори страстите на релација Охрид – Битола кои до крајот на шампионатот ќе се борат за подобра позиција во пресрет на разигрувањето. На отварањето на вториот дел од првенството на 2 Февруари, охриѓани му гостуваат на Пелситер во Битола.
АМАК СП распоред :
02.02.08 Пелистер – АМАК СП 09.02.08 АМАК СП – Струмица 16.02.08 МЗТ Скопје – АМАК СП 20.02.08 Фени Инд – АМАК СП 23.02.08 АМАК СП – Работнички 27.02.08 Соколи – АМАК СП 01.03.08 АМАК СП – Вардар О.
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Осумдесеттина ученици од Охридската гимназија „Св Климент Охридски“ во придружба на професори присуствуваа на хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда што се одигра синоќа на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.