Судиската одлука е последна и најтешка да се донесе правилно и без грешка. Затоа фудбалските арбитри во Охрид поминуваа тестови по теркот на УЕФА, кои се стандардни пред стартот на новата сезона.

– Фитнес тестовите и теоретски дел се само почетна фаза од нашите подготовки и не треба да се дава, кој знае какво внимание. Во денешно време во модерното судење треба да се биде максимално подготвен, но пред се судијата мора да биде психички спремен и концретриран сите деведесет минути на теренот за да донесе прецизна и безгрешна одлука – истакна интернационалецот, Дејан Јакимоски.

Натпреварите од домашното првенство носат исти возбудувања како и мечевите од европските натпревари. Јакимоски дебитираше сезонава на интернационален натпревар иначе е редоден член од екипата на Александар Ставрев.

– Да се суди натпревар во домашните првенства е многу потешко него некој натпревар во Европа. Играчите кои играат во Европа не ве познаваат многу потешко ви се обраќаат. Во македонскиот шампионат ги знаеш сите затоа комуникацијата е многу поразлична, а некогаш екипите коваат тактики во зависност од судијата – посочи Јакимоски.

Квалитетот на Првата и Втората македонска фудбалска лига е слаб, затоа судиите го немаат она потребно искуство на мечеви кои го правата судијата подобар.

– Македонија е мала земја и не фудбалски истакната затоа и нашиот пат кон судискиот врв е потежок. Сите ние како судии тежнееме да го достигнеме нашиот другар Александар Ставрев, кој сигурно чекори кон врвен фудбалски арбитар – заврши Јакимоски.

Мх.П.