Црногорската полиција денеска се судри со демонстрантите во главниот град во Црна Гора, кои се обиделе да го пробијат кордонот пред зградата на Владата во Подгорица.

Протестот ескалирал кога демонстрантите започнале да фрлаат со камења, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец. Во судирите бил повреден најмалку еден полицаец.

Протестите ги организирала Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора – сите на улица“.  Тие бараат смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина и оставка на сите пратеници во црногорскиот Парламент.

OhridNews

„Макфакс“