Најмалку четворица тинејџери загинаа, а уште седум се тешко повредени во судир на воз и училиштен автобус во градот Пепинјан на југот од Франција. „Сите итни служби се мобилизирани и воспоставена е кризна единица“, соопшти општината на градот на „Твритер“.
Жртвите имале од 13 до 17 години. Никој од возот не е повреден.