Италијанските адвокати панично побегнале од римската судница откако судијата се накашлал и рекол дека само што се вратил од Мексико. Повеќе од 30 адвокати ги бојкотирале судењата поради страв од свински грип.


Адвокатите велат дека никогаш претходно не се сложиле толку брзо за некоја работа. Судијата се согласил да оди на лекарски преглед и сега е во карантин.