Австралискиот судија Иан Дод дремел за време на суудењето на двајца мажи обвинети за трговија со дрога. Во процесот кој што траел 17 дена, судијата знаел да задреме по 20 минути. Покрај тоа и грчел.
Членовите на поротата биле шокирани. После жалбата на двајцата обвинети, Врховниот суд ја поништил пресудата. Судијата боледува од апнеа, пореметување со спиење.