Судијата од државата Мичиген во САД, рејмонд Воет, се казнил самиот себе со 25 долари поради непочитување на судот, бидејќи во судницата му зазвонил мобилниот телефон.

Бил многу строг кога се во прашање уредите како мобилните телефони, бидејќи мислел дека тие го попречуваат судењето. Рекол дека и судиите се луѓе и не се над правилата. Го прекршил правилото и морал да плати казна.