Еден Африкански сив папагал ќе мора да се појави во судница на Флорида, и тоа по налог на судијата. Папагалот вреден 2000 долари ќе мора да се појави за да се утврди неговата вистинска сопственичка.


Судската битка ја покрена 52-годишната Анџела Колически која тврди дека папагалот го купила пед 13 години и дека тој одлетал од нејзината куќа пред три години. Од друга страна жената која ја нашла птицата и ја одгледувала три години одбива да и ја врати на претходната сопственичка.

Адвокатот на Анџела вели дека ќе го добијат спорот бидејќи папагалот носи идентификациски прстен.