Еден судија од Саудиска Арабија изјавил на еден семинар за брачно насилство дека сопругот може да ја истепа сопругата ако таа е виновна за претерано трошење, што предизвикало негодување кај присутните.
Како пример судијата го навел купувањето црн мантил кој Саудијките го носат во јавност. Според неговото мислење ако сопругот и даде пари на сопругата и таа поголемиот дел го потроши за купување на тој мантил тогаш тој има право да ја удри.