Еден судија во Германија се разликува од останатите по необичните казни кои ги изрекува на малолетниците кои ќе се најдат пред него на суд. Имено, судијата Кристоф Мангелсдорфер често на младите престапници како казна им задава читање книги, наместо чистење паркови. Ваквите казни многу бргу почнале да даваат добри педагошки резултати.
Во почетокот како казна воглавно изрекувал 20 до 30 часа општокорисна работа на малолетниците кои поради тепачка или друг прекршок ќе се најделе пред суд. Меѓутоа со тие казни никогаш не бил задоволен, знаејќи дека децата повторно ќе ги повторуваат истите грешки.