Американски судија од Колорадо се досетил на совршена казна за престапниците како конечно би сфатиле дека вознемирувањето со слушање гласна музика не е прифатливо ниту коректно.
Судијата Паул Сако вели дека необичната казна, со која ги присилува престапниците да седат во соба и слушаат музика која не ја сакаат, за половина го смалила повторувањето на делото во Форт Луптон, во близина на Денвер. Престапниците четири пати дневно по еден час морале да ги трпат хитовите на Бери Манилов.
„Мораат да слушаат тоа што не го сакаат“ – рекол судијата.
Судијата открил дека многу од престапниците се враќаат во неговата судница. Многумина од нив се тинејџери на кои родителите им ги плаќале казните бидејќи слушале прегласна музика. Сознавајќи дека паричната казна не влијае врз однесувањето на престапниците, одлучил тинејџерите да ги казни со неговото оружје. Моментално на репертоарот е „I can’t smile without you“.
Судијата признава дека таква казна не би влијаела врз него, бидејќи тој го обожава Бери Манилов.