По завршувањето на првенствениот натпревар во кадетската конкуренција помеѓу ФК “Илинден “ од Велмеј и ФК “Професионал“ од Скопје претставникот на домашните Крсте Кузески незадоволен од тоа што кадетите на Илинден не ја “искористиле“ предноста на домашен терен и одиграле само 1-1 против своите врсници од Скопје ја избркал судиската тројка (Николоски – Ецкоски – Неделкоски) велејки дека не им се потребни повеќе и дека без нив ќе го одиграат натпреварот во младинска конкурекција кој се игра веднаш по завршувањето на оној од кадетска конкуренција.
Навистина ШТЕТА бидејки со ваквите потези на одредени луѓе се руши имиџот на клубот кој во изминатите неколку години направи многу за развојот на фудбалот во овој крај .
Илинденци од општинската за две години стигнаа да втората лига каде играат втора година по ред, а успеаја да се пласираат во 1/4 финалето на националниот куп.