Ракометарките на Моби Дик го претпреа првиот пораз сезонава во Првата женска ракометна лига на гостувањето во Куманово од истоимената екипа 26-21 (14-9).
Судиската двојка Металари – Вукашиновски со наклонетоста кон домашната екипа беа главните виноцни за поразот на „китовите“ по седум победи во низа.
На стартот од вториот дел охриѓанки со серија погодоци успеаја да ја анулираат предноста на кумановки, но тогаш на сцена стапи судиската двојка, која не бираше средства за помош на домашните ракометарки.
Најефикасна во составот на Моби Дик со шест голови беше Моника Ристовска додека Николоска Моника пет пати ја затресе мрежата на противникот.
Мх.П.