Во пресрет на пролетната фудбалска сезона, судиската организација традиционално одржува семинари кои се наменети за проверка на физичките можности како и теоретски познавања на судиите, додека контролорите треба да потврдат дека комплетно се упатени во примена на судиските правила и соодветно на тоа ги оценуваат и судиите.

Овој пат на стартот во Скопје ќе се најдат 94 главни и помошни судии и 40 контролори. Контролорите ќе полагаат теорија на 7 и 8 февруари, а судиите од 20 до 22 февруари.

Стартот на првенствата во Првата и Втората фудбалска лига е на 1 март.

ohridnews