Викендов нема да се игра фудбал во Албанија, откако арбитрите најавија штрајк. Фудбалските судии застанаа зад својот колега кој беше нападнат после завршување на мечот помеѓу Камза и Лачи. Домаќините незадоволни од судењето го нападнаа главниот судија кој благодарение на полицијата и редарите ја извлече главата и не помина со сериозни последици.
Албанската федерација исто така покажа заби и реагираше остро кон напаѓачите и фудбалскиот клуб. Казма веднаш е отстранета од лигата, а три лица од клубот добија доживотни суспензии од фудбалот и соодветни кривични пријави.
OhridNews